Говорот на Иванов за опозицијата конзистентен, за власта противзападен

Власта и опозицијата различно го доживеаја годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Опозицијата вели дека говорот бил конзистентен и политички зрел. Според власта, бил полн со омраза и лаги и уште еднаш ја потврдил улогата на Иванов како антизападен и антинароден елемент.

 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека говорот на првиот човек на државата дава одлика на конзистентен политичар кој ја почитува волјата на граѓаните.

 

Власта пак смета дека обраќањето на Иванов имало една добра и една позната вест. Добрата вест е што Иванов си оди, а познатата е тоа што и во ова обраќање ја потврди неговата улога на антизападен и антинароден елемент.

 

“Претседателот Иванов и со денешното свое обраќање пред македонската јавност, во Собранието на Република Македонија, докажа дека остана доследен само на својата определба да продолжи да ги дели граѓаните, која денеска ја дополни со конструкции со кои потврди дека живее во свет на заговори. Со овој свој настап тој уште еднаш докажа дека наместо да го прочита Договорот од Преспа, и да ги поддржи гаранциите за идентитетот и за просперитетот кои ги нуди овој Договор, тој продолжува да шири невистини и омрази, обидувајќи се со тоа да го попречи напредокот на граѓаните на Македонија”, се вели во соопштението од Владата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien