ЕУ воведе нови правила за Шенгенскиот информативен систем

Новите правила за јакнење на Шенгенскиот иформациски систем (SIS), кој треба да придонесе во борбата против тероризмот, сузбивањето на прекуграничниот криминал и нелегалните миграции, стапија на сила денес.

 

„Денеска ја затвораме најкритичната безбедносна дупка во Европската унија. Земјите членки ќе бидат обврзани да го внесат предупредувањето за терористичката опасност во зајакнатиот SIS. Секој кој претставува закана не би требало да влезе незабележано: интероперабилноста на SIS со нашите други информациски системи за безбедноста, границите и миграциите во блиска иднина ќе осигураат сите точки на нашите радарски екрани да бидат соодветно поврзани“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврампулос.

 

Шенгенскиот иформациски систем (SIS) е најкористениот информациски систем за безбедноста и управаување на гранциите на Европската унија.

 

Унапредувањето на SIS ќе им овозможи на надлежните служби поефикасен надзор на луѓето кои ги менуваат границите на Унијата, ќе биде поддршка за полицијата и правосудството во борбата против криминалците и терористите, како и при идентифакувањето на исчезнатите лица, особено децата и ранливите групи возрасни лица. Ќе овозможи, исто така, спроведување на одлуката за враќање на државјаните на третите земји со нелегален престрој во Европската унија.

 

Земјите членки ќе бидат обврзани од денеска да ги споделуваат предупредувањата за одлуките за враќање на странските државјани и ќе разменуваат информации за членови на терористички организации со сите други земји во ЕУ. Новите превентивни предупредувања ќе се однесуваат на децата на коишто им се заканува опасност од насилство, присилен брак или грабнувања, Исто така, ќе се даваат предупредувања за идентификација на криминалците и зголемено користење на биометриските податоци.

 

Забраната за влез на државјаните на трети земји ќе мора да бидат внесени во системот, што ќе оневозможи кој и да е којшто добил забрана за влегување во една зема да влезе во шенгенскиот простор во некоја друга земја членка на ЕУ.

 

Дел од новите правила ќе се воведуваат постапно, а сите мора да бидат оперативни до 2021 година. Европската комисија предлогот за новите правила го претстави во декември 2016 година, а договорт на созаконодавците Европскиот совет и Европскиот парламент беше постигнат во ноември оваа 2018 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien