Приштина: Царини од 100 отсто и за странските компании што произведуваат во Србија

Само неколку часа откако амбасадорите на САД, Германија, Франција, Британија и Италија во Приштина побараа косовските власти да ги укинат царините на српските производи, косовската влада соопшти дека одлуката за царините од 100 отсто ја проширува и врз сите производи излезени од погоните на странските компании во Србија.

 

Ова практично значи дека на Косово, од денеска, без плаќање на зголемените даноци, нема да може да влезе ниту еден вид стока произведена во Србија.

 

Косовскиот весник „Коха“ наведува дека премиерот Рамуш Харадинај не покажал намера да ги повлече одлуките за зголемените царини, која беше донесена еден ден откако беше одбиено барање на Приштина за членство во Интерпол.

 

Приштина ова одбивање на косовското барање за членство го протолкува како резултат на „агресивната кампања“ која ја води Белград за повлекување на признавањата на еднострано прогласената косовска независност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien