Силна експлозија среде ноќ го обои небото над Њујорк во сина светлина

Силна експлозија на трансформатор вчеравечер ги вознемири дел од жителите на Њујорк. Експлозијата се случила во електрична инсталација, а небото над градот било обоено во силна сина светлина.

 


 

Експлозијата се јавила како последица на технички дефект на трансформатор кој набрзо е отстранет и нема информации за повредени.

 

Набргу после експлозијата се огласија од локалната компанија за електрично напојување, „Кон Едисон“. Преку објава на Твитер од таму објаснија дека дошло до пожар во нивна потстаница кај Квинс, при што биле зафатени неколку трансформатори.

 

Поради хаваријата дошло до проблеми во напојувањето со електрична енергија, имало одложување авионски летови, како и застои во њујоршкото метро.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien