Трамп: Или ќе се гради ѕид или ќе ја затворам границата со Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се закани дека ќе ја затвори границата  со Мексико, ако конгресмените демократи не одобрат финансирање на граничниот ѕид.

 

„Ќе бидам принуден целосно да ја затворам јужната граница ако демократите не ни дадат средства за завршување на ѕидот“, напиша Трамп на Твитер и ги повика конгресмените од Демократската партија да „ги смента апсурдните закони за имиграција, кои се претворија во товар за земјата”.

 

Тој додаде и дека затворањето на границите би го сметал за профитабилно , бидејќи САД губи толку пари во трговија со Мексико во рамките на НАФТА и тоа над 75 милијарди годишно .

 

Трамп и минатиот месец се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико во рамките на борбата со илегалната имиграција.

 

Во САД на 22 декември стапи во сила делумна блокада на работата на Владата, по неуспешните преговори на републиканците и демократите и претседателот Доналд Трамп за тоа Конгресот да додели пет милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien