ВИДЕО – 159 медали за ЏК „Сеишин“ за 2018, доделени и наградите за 2018 година на ниво на клубот

На 28.12.2018 година Петок, Џудо Клубот Сеишин-Прилеп го одржа последниот тренинг за 2018 година. На тренингот имаше пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2018 година на ниво на клубот.

 

Листа на најдобри на ниво на клуб за 2018 година :

 

Ветерани:

Киро Здравески, Маке Спиркоски и Ацо Божиноски.

 

Сениори:

Христијан Ѓураков Јуниорки: Александра Најдоска

 

Јуниори:

Марио Цинцароски

 

Кадетки:

Теодора Димеска Кадети: Јован Најдоски

 

Пионерки:

Леона Настоска Пионери: Андреј Трајковски

 

Помлади Пионерки:

Теа Настоска Помлади Пионери: Никола Магдески

 

Деца девојчиња:

Анастасија Кузманоска

 

Деца момчиња:

Борис Џагадуроски

 

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласен Јован Најдоски.

 

 

Во натпреварувачката 2018 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 8 Државни Првенства со освоени 74 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 78 медали и 3 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) освоени 7 медали и 1 европски куп без пласман.

 

„Имено на овие Првенства освоени се вкупно 159 медали. Најзначаен успех е освоеното 2-ро место на Христијан Ѓураков и 3-то место на Александра Најдоска на Балканското Првенство за Сениори и 2-то место во Екипна конкуренција исто така на Балканското Првенство за Сениори-ки како членови на репрезентацијата од нашиот клуб беа: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска. Имавме настап и на Европски Куп во Ѓер Унгарија за кадети-ки со натпреварувачката Теодора Димеска каде не успеавме да освоиме позначителен резултат“, вели тренерот Дејан Мицкоски.

 

Клубот оваа година организираше 2 Државни Првенства и 1 Меѓународен Турнир, 1 Меѓународен Џудо камп за Пионери, 1 Манифестација – Европска Недела на спортот, а зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови, 2 спортски манифестации и 2 џудо семинари за стручните кадри.

 

„Исто така оваа година Клубот СЕИШИН беше добитник на ПРЕСТИЖНАТА 3 Ноемвриска награда доделена од Општина Прилеп за посебни заслуги од областа на спортот, а ги одбележа и двата јубилеја 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2018“ кој стана препознатлив во Балкански рамки. Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2019 година. Планираме програма со поинтензвни настапи на Меѓународно ниво. Со почит! Џудо Клуб СЕИШИН -Прилеп“, додава Мицкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien