Бидете хумани и донирајте за сиромашните семејства, акцијата на Стара црква трае уште само 2 дена

Црквата Свето Благовештение или Стара Црква од Прилеп веќе 10-та година по ред традиционално ја организира хуманитарната акција за социјално загрозените православни семејства во Прилеп. Акцијата трае само уште 2 дена, денес и утре. Сите хумани граѓани, секој според својата желба и можност, можат да донираат во посебно означените црвени кутии кои се поставени во црквата.

 

Со собраните средства ќе бидат купени прехрамбени производи и други намирници кои ќе им бидат донирани на оние на кои им е најпотребна нашата помош.

 

Да ја покажеме нашата хуманост на дело за празниците кои следуваат !

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien