Второ место за Ставре Јада на ФИС натпреварот во нордиско трчање во Србија

Нашиот репрезентатиивец во нордиско скијање и биатлон Ставре Јада го освои второто место на ФИС натпреварот во нордиско трчање кој се оодржа во Сјеница, Србија. Јада освои и 76 ФИС поени во доста силна балканска конкуренција.

 

„Тука не застанувам,од утре повторно се враќам на тренинг. Во јануари и февруари имам доста натпревари. Според мене 2018 е успешна година. Најмногу ќе ја паметам по Олимписките игри во Пјонг Чанг и неколкуте добри резултати во нордиско трчање. 2019-та пак кон крајот на јануари и почетокот на февруари ме очекува Светско јуниорско првенство во биатлон, потоа следуваат околу 7 трки во нордиско скијање, а во март светско сениорско првенство во Шведска“, истакна Јада.

 

Неговиот најголем сон е учеството на светскиот куп во нордиско скијање во 2019-та.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien