Новогодишна театарска претстава на драмската секција при ООУ „Климент Охридски“

И оваа година драмската секција при ООУ „Климент Охридски“ неуморно работеше за да ги израдува најмалите во овие предновогодишни денови. Во рамките на воннаставните часови, учениците ја подготвуваа театарската претстава која што ја насловија како „Новогодишна претстава“. Оригиналниот текст и идеја е на Ленче Радосавлјевиќ. Прекрасна приказна во која се испреплетени нарациите на Црвенкапа и Трите прасиња, иако во овој случај станува збор за четири волци и едно прасе.

 

„Учениците одлично се вклопија во улогите и поминаа прекрасно време со малите дечиња. На проектот работеа наставничките Јулијана Талеска, Билјана Шукуроска-Наумоска, Лина Ѓорѓиоска. За костимите се погрижија Александра Богоеска, Наташа Колеска и Гордана Стојаноска и секако родителите и учениците – учесници. Исто така учениците имаа неколку скапоцени проби со професионалниот актер Александар Тодески кој веќе неколку години наназад е голема поддршка на нашето драмско раснење“, вели наставничката Јулијана Талеска.

 

Учениците најпрво настапија кај своите соученици во посебните паралелки, а потоа со наставничката Билјана Шукуроска-Наумоска ја посетиија градинката „Наша иднина“, едукативниот центар „Еду шампиони“, а утре ќе им посакаат среќна Нова година на првачињата и на дечињата од наставниците од „Климент Охридски“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien