Новогодишната парада во центарот на Прилеп за најмладите, забавата проодолжува и вечер на плоштадот

Нино Величковски со своите тамбураши, Гоце Чоки и Фортисимо Бенд, The Hounds, огнениот перформанс на групата Агни, огномет и диџеи. Ова ќе биде програмата за централната прослава која вечерва ќе се случува на плоштадот во Прилеп. Сето тоа ќе биде зачинето со топли пијалоци и многу забава.

 

Инаку забавата за најмладите започна уште попладнево со новогодишната парада во центарот на градот каде со градското вовче низ улиците на Прилеп се возеа Дедо Мраз и ликовите од сите детски претстави кои се одриграа во Прилеп во 2018 година. Дедо Мраз на дечињата им подели околу 1.000 новогодишни капи, ЦД-ња со новогодишнии песни и полнети чорапчиња.

 

Општина Прилеп подготви богата новогодишна програма за претстојните празници која се состоеше од детски претстави, концерти и улични перформанси. Сите оние пак кои сеуште не одлучиле каде ќе ја прослават Новата Година може да дојдат тука на грaдскиот плоштад и да уживаат во богатата програма.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien