Прилепчанец прегазил двајца пензионери, едниот тешко повреден

Вчера околу 19,30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, З.М. (54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К. (75) и С.К. (72) двајцата  од Прилеп.
Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien