Азурниот прозорец би можел повторно да се издигне

Рускиот архитект Светозар Андрејев ќе проектира вештачката карпа од челик од претходната оригинална форма на Азурниот прозорец во Малта, која треба да го замени овој феномен на природата, откако по силно невреме се сруши во 2017 година.

 

Прекрасната природна структура настана откако се срушиле две морски пештери и беше една од најголемите туристички атракции на овие острови. Издигната беше на 50 метри над морето и така обликуваше своевиден прозорец. Губењето на Азурниот прозорец доведе до голема жалост кај домашното население, но и помеѓу туристите.

 

 

Најголемото загрижување беше падот на бројката на туристи, со оглед на тоа дека стануваше збор за исклучително популарно место, кое беше прикажано во многу филмови и ТВ серии, вклучувајќи ја и популарната “Игра на тронови”.

 

Но, славниот прозорец би можел да воскресне. Руската компанија Hotel Russia на чело со архитектот Светозар Андрејев проектира вештачка карпа од претходната оригинална форма која ќе биде од челик во која ќе се отсликува околната природа. Во план е и изложбен простор на 5.000 метри квадратни кој ќе биде посветен на минатото на островот, а проектот симболично е наречен Срцето на Малта.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи