ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Што превзеде МВР по обвинувањата дека се бара мито за вработување во Прилеп и Кривогаштани ?

Прилеп стана град на криминалот, корупцијата и непотизмот! Град синоним за насилства, убиства, разбојништва, палење коли, тепачки. Ќе беше се поинаку и сфатено како политичка пресметка доколку ваквите констатации не стасуваа од членови и активисти на СДСМ. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Веќе 14 месеци во Прилеп сведочиме  за криминал до криминал, афера до афера, за кои немаме сознание дека се поведени постапки пред надлежните органи. За жал како да сето ова останува незабележано од прилепското јавно обвинителство и од МВР.

 

Секоја професионална институција досега би постапила по службена должност и би се заинтересирала за расчистување на фактичката состојба поврзана со тврдењето на вработена во Општина Прилеп, која на својот Фејсбук профил имаше објава дека и кажале како за втор случај било земано мито во Прилеп и Општина Кривогаштани за вработување.

 

Истата вработена, позната по нејзиниот професионален интегритет, долгогодишното искуство во новинарското истражување побара од МВР да го расчисти случајот. Прашуваме дали МВР досега презеде нешто околу ова? Дали постојат осомничени лица, дали можеби е извршен и распит на истите?

 

Бараме под итно градоначалникот на Прилеп да даде изјава околу оваа констатација и да ги посочи можните сторители. Нека се изјасни за овој скандал од невидени размери затоа што прилепчани заслужуваат одговор на ова прашање.

 

Исто така ги повикуваме сите новинари, а сега вработени во Општина Прилеп, кои се истакнати борци за човекови права и слобода, да се зафатат со истражување за овие невидени афери и скандали и пред очите на јавноста да ги посочат сторителите.

 

Почитувани, Прилеп полека се претвори во град на криминалот, кој е одраз на неспособноста на локалната и централната власт. Сигурноста е на најниско можно ниво. Граѓаните стравуваат за своите животи! Се вработуваат преку ноќ блиски роднини, пријатели на истакнати функционери од СДСМ на високи позиции. Прашуваме колку чини едно работно место?

 

Затоа оваа власт мора што поскоро да заврши и ќе заврши. После оваа црнила која се надвисна над Македонија, ќе ја вратиме светлината во секој дом. Затоа што граѓаните го заслужуваат тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien