Десет гранични полицајци заглавени поради снежните врнежи во Танушевци, им снемува храна

Десет гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави Алсат.

 

Според извори на телевизијата, храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien