Ќе се гради фотонапонска централа кај Осломеј

Вкупно седум милиони евра ќе чини изградбата на новата соларна или фотонапонска централа кај кичевски Осломеј, најавија компанијата ЕЛЕМ и Европската банка за обнова и развој.

 

Договорот денеска го потпишаа директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.

 

ЕЛЕМ зеде кредит без државна гаранција од 5,9 милиони евра од Европската банка. Остатокот ќе го покрие самата компанија.

 

Оваа електрана ќе има 15 гигаватчасови моќ, доволни за годишна потрошувачка на 2.000 домаќинства, информираат од ЕЛЕМ. Ќе се гради на 15 хектари површина кај Осломеј. Во нејзиното работење ќе бидат вклучени досегашните 1.000 вработени, кои претходно ќе добијат соодветна обука.

 

Пред речиси еден месец, Европската банка соопшти дека престанува да финансира проекти поврзани со јаглен, како дел од глобалниот напор на државните банки за развој да го намалат својот удел во климатските промени.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien