ВИДЕО – Во Прилеп по 5-ти пат се одржа Бадниковата поворка

По повод Бадник денеска во Прилеп по 5-ти пат се одржа Бадниковата поворка. Дечињата носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос тргнаа од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепскиите улици.

 

 

„Убаво си поминавме додека ја учевме песната „Вечниот Бог“, ни беше интересно, сега ќе шетаме со пештерата во чаршијата, поделени сме во неколку групи. Се чувствуваме навистина многу убаво“, рекоеа дел од дечињата коии учествувата во Бадниковата поворка.

 

Според свештеникот Веле Спиркоски ова било стара традиција која полека се возобновувала кај народот. Со ваквите иницијативи тие како црква се бореле против паганските елементи во одбележувањето на одредени празници и го покажувале вистинскиот начин како тие треба да се празнуваат.

 

„Возобновуваме една стара традиција која што ја отсликува вистинската традиција како треба на вистрински христијански православен начин да ги празнуваме сите наши празници“, изјави отец Веле Спиркоски.

 

Дечињата се прошетаа по куќите и дуќаните каде беа дарувани од домаќините, а собраните парични средства ќе ги донираат на социјално загрозениите семејства.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien