Ирена Станковска нов в.д. директор на „Комуналец“, Јованоски ќе биде советник за јавни претпријатија во Општина Прилеп

Ирена Станковска, по вокација дипломиран економист, е новиот в.д. директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Станковска, на местото вршител на должност доаѓа од раководно место од Секторот за финасии при Локалната самоуправа.

 


Од ЈКП „Комуналец“ соопштија дека Станковска имала дваесет годишно работно искуство и важела за добар познавач на состојбите во најголемото јавно претпријатие во градов.

 


„Финасиската стабилност на претпријатието, но и согледување на оперативните работи и проблеми кои настануваат во тековното работење и делување во трите битни Сектори: Секторот за собирање, транспорт и депонирање на отпад, Секторот паркови, зеленило и јавно прометни површини и Секторот за управување и уредување на гробишта, ќе бидат под опсервација на новата в.д. директорка, за да се продолжи со понатамошното подобрување и крајна стабилизација и модернизација на Комуналец“, велат од ЈКП „Комуналцец“ – Прилеп.

 


Досегашниот вршител на должност , Звонко Јованоски, ќе биде советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија. Јованоски, како прв човек на Комуналец беше една година.

 


Инаку засега ниту од ЈКП „Комуналец“ ниту од Општина Прилеп не ги истакнуваат причините зошто Јованоски е сменет од местото в.д. директор на ова јавно претпријатие.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien