Руски маратонец истрча 38 км на минус 52 степени

Иља Пестерев, учесник на првиот меѓународен маратон на „ледениот пол“, како уште го нарекуваат Ојмјакон, најстудената населба на планетата Ојмјакон, истрча 38 км на температура од минус 52 степени. На Иља за таа дистанца му требаа 3 часа и 53 минути. Учесници во трката беа поборници за здрав начин на живот, како и шампиони на Русија и Република Јакутија.

 

Трката почна во 11 часот. Наутро температурата на воздухот изнесуваше  минус 52°C, а подоцна се искачи до минус 49 степени. Сите учесници дотрчаа до целта. Аматерите истрчаа пет километри, а искусните маратонци од 10 до преку 30 км, велат организаторите на првиот маратон „Ледениот пол – Ојмјакон“.

 

Инаку пред неколку дена во Омјакон беа измерени минус 63°C, што воедно претставува и нов температурен рекорд во Русија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien