Хаменеи: Американските функционери се „првокласни идиоти“

Иранскиот врховен верски лидер Ајатолахот Али Хаменеи денека ги нарече американските функционери „првокласни идиоти“.

 

„Некои американски функционери се преправаат дека се луди. Се разбира дека не се согласувам со тоа, но тие се првокласни идиоти“.

 

Ајатолах не именуваше никого, но коментарот најверојатно се однесува на советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон.

 

„Пред 2019 година, Божиќ ќе го прославуваме во Техеран“, рече Болтон во јули 2017 година на состанокот на Народните муџахедини (МЕК), иранската опозициска група во егзил.

 

Денешниот коментар на Хаменеи беше исклучително остар и ги одразува пошироките тензии меѓу Иран и Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Техеран, коментираат светските агенции.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien