Внимателно возење на патиштата низ Македонија, забрана за товарни возила на повеќе правци

Facebook
Twitter
Email
Print

Според најновите информации од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, а можна е појава и на голомразица. Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.

 

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Обилни врнежи има и на планинските премини, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

 

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што соопштија денеска,  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи