Апел од Општина Прилеп: Граѓаните да ги чистат влезовите и да не го исфрлаат снегот на улица

Поради интензивните врнежи снег, Општина Прилеп апелира до граѓаните, сопствениците на деловни објекти и до куќните совети на станбените згради во градот, да се придржуваат до законските обврски и да го расчистат снегот од приодите и влезовите и со тоа да обезбедат проодност и непречен пристап до нивните објекти.

 

„Со оглед на временските прилики, ненавременото отстранување на снегот од влезовите на објектите може да предизвика појава на голомразица и да предизвика дополнителни потешкотии за извршување на секојдневните обврски на граѓаните, како и непосакувани повреди од пролизгувања. Притоа, апелираме до сите граѓани на територијата на Општина Прилеп, расчистениот снег да не го исфрлаат на улиците за да не го отежнуваат расчистување на улиците од страна на зимската служба на Општината. Истовремено, апелираме на повисока свест кај возачите во нашата општина во ваквите временски услови да возат внимателно согласно условите на патната мрежа во градот. Од Општина Прилеп апелираме возилата да не се паркираат на сообраќајниците, бидејќи се отежнува, а на места и оневозможува интервенцијата со потребната механизација за чистење на улиците. Почитувани сограѓани, со заедничка соработка да придонесеме за полесно и подобро справување со снежните наноси, оваа зима“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien