Беса нема да попушти доколку не се изгласаат нивните барања

Facebook
Twitter
Email
Print

Преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и Беса на Билал Касами и денеска тапкаат во место. Извори од владеачкото мнозинство во парламентот брифираат дека лидерот на СДСМ му кажал на Касами дека нема да ги прифати неговите барања, оставајќи им на двајцата пратеници на Беса сами да одлучат дали ќе гласаат „за“ уставните измени.

 

Неофицијално еден од предлозите околу кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“ во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“, по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Со овој предлог неофицијално би се интервенриало во уставниот закон, но тоа не било прифатливо за пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

Соработниците на Касами потврдуваат дека нема договор, но оставаат простор да се случи пресврт во наредните часови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи