Исклучената „осумка“ од ВМРО-ДПМНЕ против барањата на БЕСА

Facebook
Twitter
Email
Print

Пратеничката група, составена од осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, е против барањата на БЕСА. Од таму сметаат дека не треба да се менува она што е Договорено со Грција, односно дека треба да остане државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.

 

„Не отстапуваме од она што е од договорено со Грција, односно државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Тоа е нашиот краен став. Тоа е најголемата придобивка и јакнење на идентитетот. Со Грција се договоривме, сега ќе го распарчуваме договореното меѓу нас“, велат од пратеничката група со која координира пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.

 

Доколку се прифати барањето на БЕСА, да се избрише „македонско“, осумтемина пратеници најверојатно ќе се повлечат и нема да ги поддржат уставните измени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи