ЈКП „Комуналец“ Прилеп : Иако временските услови не ни се наклонети, ние професионално ја извршуваме работата

Снегот кој интензивно паѓа повеќе од два дена им создаде поголеми проблеми на комуналните служби. Од рано наутро со механизација и рачен алат комуналците го чистеа центарот на градот , тротоарите по главните улици и бекатон патеките во парковите во населбите Димо Наредникот, Ѓогдере и Точила.

 

Од ЈКП „Комуналец“ денеска соопштија дека согласно оперативниот план за зимски режим на работа, чисти и проодни биле влезовите на институциите во градов, пристапите до пешачките премини, мостовите , а комплетно се оспособиле сите патеки на плоштадот Александрија, Старата чаршија, и улицата Борка Талески која води до Градскиот пазар.

 

„Свесни сме за критиките од граѓаните кои ги упатуваат на наша адреса, но граѓаните пред се треба да ја испочитуваат работата на комуналците кои од 5 часот утрово се на терен , со продолжено работно време до 14 часот, се со цел да овозможат градот да функционира нормално и во вакви отежнати услови. Денес се работи и со втора смена, но човечките ресурси се тие со кои располагаме, а веќе се чувствува и преголем замор кај нив. На одредени делови делувано е и со индустриска сол, но според метеоролозите кои најавуваат ниски температури, не секогаш солта може да помогне“, информираат од оперативната служба на Комуналец.

 

Од ЈКП „Комуналец“ велат дека тие останувале на терен да ја извршуваат својата задача иако временските услови не им се наклонети за работа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи