Честитки од меѓународниот фактор за усвојувањето на договорот од Преспа

Веднаш по изгласувањето на четирите уставни амандмани со кои ќе се промени уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа, почнаа да пристигаат честитките од меѓународниот фактор.

 

Прва пристигна заедничката честитка од Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан кои ни упатија искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени денес.

 

“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина“, стои во честитката.

 

Се огласи и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли кој пренесе дека САД ја поздравуваат одлуката на избраните претставници.

 

„Кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција овој договор конечно ќе го реши спорот за името, кој предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во ЕУ и НАТО алијансата“,кажа Бејли.

 

Пристигна и честитка од генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг. Тој нагласи дека Алијансата силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот од Преспа, како придонес за стабилен и напреден регион.

 

Сега следува гласање на преспанскиот договор во грчкиот парламент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien