Дали се раѓа нова „Шарена револуција“ – Министерството за Култура и Општина Аеродром обоени во жолта и црна боја

Министерството за култура викендов осамна обоено со жолта боја, а на влезот од зградат е испишано „МКД“. Утрово пак, влезната врата и дел од ѕидот на Општина Аеродром биле обоени со црна боја.

 

Од МВР засега немаат информации кој стои зад фарбањето на зградата на Министерството. Случајот во саботата бил пријавен од вработен во Министерството за култура. Додека за бојата истурена врз влезната врата и ѕидот на општинската зграда на Аеродром МВР добило пријава утрово. Од полиција велат дека работат на случаите.

 

Фотографија од офарбаното Министерство може да се најде на Фејсбук страната „Млади за Македонија“, кои изминативе месеци протестираа против промена на името.

„Денес не умре Македонија, денес се роди црвено-жолтиот отпор на македонскиот народ! Министерството за Култура офарбано во македонските национални бои! Ова е знак дека борбата на македонскиот народ не е завршена, туку борбата сега почнува!“, пишува на постот.

 

Дилемата е дали со боењето на зградите на двете инстиртуции се раѓа нова „Шарена револуција“ , односно организиран „црвено – жолт“ отпор прортив промена на името.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien