Почина градоначалникот на Гдањск, откако беше избоден со нож на јавен настан

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт, објави полското радио на својот твитер канал.

 

Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцето, дијафрагмата и други внатрешни органи.

 

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. Тој тврдел дека неоправдано бил затворен од претходната власт, која го поддржала реизборот на Адамович и дека бил мачен во затворот.

 

Адамович беше популарен, либерален градоначалник на Гдањск повеќе од 20 години, но и омразен меѓу крајните десничари поради неговата поддршка за мигрантите, бегалците и ЛГБТ-заедницата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien