Продолжуваат нападите кон Стоилов: „Убав број на дрес на гаден човек“

Анита Латифи, поранешна новинарка во МРТ, сега вработена во „ЦИВИЛ“, е новата во низата напаѓачи на Столе Стоилов. „Жал ми е за број 5. Убав број на дрес на гаден човек.
Кај бевте да реагирате за негово гнасно однесување пред млади успешни спортисти на кои треба да им е пример?! И пред цела јавност?! Или се согласува(в)те со него?!
Штом не знае кај и со кого живее, ќе треба да му се каже. Браво за Мустафа Адеми!!!“-напиша таа на својот Фејсбук профил.

 

Нејзиниот пост им се допаѓа на неколкумина новинари Албанци вработени во различни медиуми во Македонија. Коментаторот на МРТ Мустафа Адеми одбива да го изговори името на ракометарот Стојанче Стоилов. За ова пишуваат и македонските и медиумите од регионот.

 

Ракометарот е нарекуван „играч со број пет”, а тоа ќе функционира се додека Македонија игра на Светското првенство во Германија. Коментаторот одбива да го каже името на најдобриот ракометар во земјата, бидејќи Стоилов ја напушти церемонијата на прогласување на најдобрите македонски спортисти, кога почнаа на говорница да зборуваат на албански јазик.

Политиката надвор од спортот, пак им порача министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, политичар, на Стојанче Стоилов и Борко Ристовски, спортисти.

 

 

Очекувано, овој твит на министерот наиде на многу негативни коментари од македонските граѓани.

 

Од друга страна, пак, истиот тој министер во своја надлежност ја има и МТВ2, истата онаа национална програма на албански јазик за која Столе Стоилов е „играчот со број 5“. Манчевски сè уште нема кажано или направено ништо за овие навреди и бојкотот на спортската редакција, повторно, под надлежност на неговото министерство.

 

Овој твит на Манчевски доаѓа по статусот на нашиот репрезентатицец, кој само на ова светско првенство е заслужен за двете победи на Македонија, на денот кога во Собрание беше изгласана промена на името каде порачува дека треба да ни е срам на сите.

 

Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Posted by Stole Stoilov on Friday, January 11, 2019

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien