Рок од 5 години за Република Северна Македонија да стои во личните документи на граѓаните

Во рок од пет години или најдоцна до 2024 година, во личните документи на граѓаните ќе стои новото име „Република Северна Македонија“.

Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван Договорот за името во грчкиот Парламент, откако претходно македонското Собрание ги усвои потребните уставни измени за спроведување на Договорот.

 

Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК. Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останатата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релеватното поле во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

 

Во однос на кодовите –  МК – МКД остануваат меѓународно прифатени и препознатливи кодови. Регистарските таблици на возилата не се дел од меѓународната кодификација и заради тоа таблиците ќе го следат духот на договорот кој ќе се потпише со Грција.

 

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

 

Со амандманот на БЕСА, освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и  етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien