Руско МНР: Преименувањето на Македонија треба да се разгледа во СБ на ОН

Прашањето за преименувањето на Република Македонија, кое помина со усвојувањето на измените на Уставот во македонскиот Парламент, треба да се најде на разгледување пред Советот за безбедност на ОН, смета официјална Москва.

 

„Ставот на Руската Федерација во врска со проблемот за името на македонската држава останува непромет – одржливо решение мора да биде најдено без надворешен притисок, наметнување рокови и услови од надвор и врз основа на широка јавна поддршка и во Република Македонија и во Грција и исклучително во рамки на законот. Ние сметаме дека ова прашање би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН согласно параграфот 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН“, се вели во соопштението од руското МНР.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien