Мистериозно забрзување на магнетното поле: Северниот пол се лизга од Канада кон Сибир

Мангетното поле на Земјата минува низ состојба на неред, туркајќи го Северниот пол од Канада кон Сибир, и никој не е сигурен зошто тоа се случува. Северниот пол се лизга со невообичаено голема брзина од околу 50 километри годишно.

 

Научниците претпоставуваат дека длабоко во внатрешноста на Земјата се случуваат големи промени.

 

Секоја година геофизичарите од американската национална океанска и атмосферска администрација и британското геолошко истражување прават проверка како се менува магнетното поле на Земјата. Ова е неопходно бидејќи течното железо што се мати во јадрото на Земјата не се движи на усогласен начин.

 

Магнетното поле се менува кога растопените метали го опкружуваат цврстото јадро на земјата и создаваат струи и одговараат на магнетното поле. Како резултат на тоа, магнетните полови имаат тенденција малку да се поместуваат.

 

Научниците сметаат дека млазот течно железо под Канада би можел да биде одговорен за движењето на половите, слабеењето на магнетното поле испод, а притоа овозможувајќи на Сибир да се подвлече под полот, пренесува „Nature“.

 

„Положбата на северното магнетно поле изгледа дека е одредено од две големи магнетни полиња, едно под Канада и другото под Сибир“, рекол Фил Ливермур од Универзитетот во Лидс.

 

Тоа значи дека Канада во суптина ја губи „магнетната битка“ со Сибир.

 

Поради новонастанатата ситуација и „невообичаеното“ брзо движење, научниците мора да издаваат итни дополнителни мапи кои ги користат електронските навигациски системи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи