ВИДЕО – Откупени 16 милиони килограми на тутун, остануваат уште околу 6 милиони, просечна цена 210 денари

Поради ниските температури намален е интензитетот на откупот на тутун. Тутунарите чекаат затоплување за да може да го предадат. Според здруженијата на тутунари, досега на ниво на Македонија биле откупени околу 16 милиони килограми, со просечна цена од 210 денари за килограм. Очекуваат зголемување на цената во наредниот период.

 

 

„И мислиме дека ќе постигнеме уште подобра цена, бидејќи сега се предаваа подолните берби, а сега ќе се предаваат горните бербии и мислиме дека ќе извлечеме повисока цена од компаниите“, рече Гоце Јончески, внатрешна контрола на здружението на тутунари.

 

„Откупот течи нормално, е сега некоја компанија повеќе стега, некоја попушта, мислиме дека до 15 февруари дека ќе заврши откупната реколта 2018-2019“, кажа Злате Даноски, внатрешна контрола на здружението на тутунари.

 

Тутунарите кои го предаваат тутунот велат дека се задоволни од цената.

 

„Досега сме задоволни како е откупен тутунот, па понатаму ќе видиме“, вели Слободан Велкоски, тутунар.

 

Од здружението на тутунари „Мице Козар“ од Прилеп велат дека доцнењето со предавањето можеби ќе им направи мали проблеми со исплатата на поверениците, но уверуваат дека се ќе било исплатено.

 

„Нашите претставници се секогаш на терен, ние смогнуваме сили сега да исплатиме нешто, дел можеби ќе остани, но на крајот на откупот на тутун, нема ниту еден повереник да биде оштетен“, изјави Данчо Милески, претседател на здружение „Мице Козар“ – Прилеп.

 

Иако компаниите за годинава очекуваа 28 милиони килограми, тутунарите велат ќе имаат среќа ако се соберат 22 милиони.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien