Кинески суд осуди канадски државјанин на смрт

Facebook
Twitter
Email
Print

Поради обвинение за трговија со дрога, откако било оценето дека 15-годишната затворска казна од претходно била блага, Кинески суд осуди канадски државјанин на смрт.

 

Одлуката е донесена денеска во североисточниот град Дајлијан против Роберт Лојд Шеленберг, кој првично беше притворен во 2014 година. Тој беше осуден на 15-годишна затворска казна, но случајот беше вратен на повторно судење поради тоа што обвинителите тврдеа дека неговата казна е премногу блага.

 

Шеленберг ги негираше обвиненијата, додека неговиот адвокат Жанг Донгшуо за Ројтерс изјави дека ќе биде поднесена жалба.

 

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека исклучително е загрижен од тоа што Кинезите „произволно“ ја промениле казната на канадскиот државјанин. Во својот досега најостар говор против Кина, Трудо порача дека „сите земји на светот“ треба да бидат загрижени од правосудниот систем на Кина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи