Најскапите градови за живеење во светот

Според истражувањето на Economist Intelligence Unit пет години по ред Сингапур е најскап град за живеење во светот. Листата се објавува на секои шест месеци споредувајќи ги цените на 160 производи и услуги, меѓу кои се храната, пијалаците, облеката, превозот и комуналните услуги.

 

Сингапур е на првото место на најскапи градови за живот поради силната автомобилска индустрија. Сингапур е најскапо место во светот за купување и одржување на автомобили. Владата го регулира сопствеништвото над автомобили, ограничувајќи го бројот на дозволи за движење со автомобил. Од октомври 2017 година дозволите чинат 37.000 долари, а важат 10 години.

 

Сингапур не е баш најдоброто место и за шопинг, со оглед на високите цени. Сепак е една од најпопуларните туристички дестинации.

 

Зад Сингапур, најскапи градови се Париз и Цирих. Најистакнатиот американски град на оваа листа е Њујорк, кој го зазеде 13-тото место, а по него следува Лос Анџелес на 14-тото место.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien