По оставката во ДИК поради бонусите, Виолета Дума го советува Заев за 40.000 денари

Поранешната судијка Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев за правосудството за месечен надомест од 40 илјади денари.

 

Нејзината задача била активно да учествува во реформите со свои мислења и анализи.

 

„Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем, со договор во времетраење од 20.7.2018 до 20.7.2019 година. Износот на месечни примања за нејзиниот ангажман изнесува 40.000 денари“, потврдиле од Владата за Макфакс.

 

Од преостанатите членови, познато е дека Субхи Јакупи е избран за виш управен судија, а Игор Милев доби функција да му биде советник на директорот на Царинската управа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien