Двегодишно момче во Шпанија веќе шести ден во дупка длабока 100 метри

Шпанските спасители се уште се обидуваат да стигнат до двегодишното дете кое во неделата падна во тесен, а длабок бунар.

 

Детето Хулен, е виден како паѓа во бунарот додека со семејството се шетал по приватниот имот во Таталана, кај Малага, на југот од Шпанија.

 

Спасителите не можат да влезат во бунарот зошто е широк само 25 сантиметри, а се верува дека е длабок повеќе од 100 метри.

 

Една од снимките од внатрешноста на бунарот докажува дека тоа било страотен пад. Камерата снимила наслаги од земја, песок и камења на некои 100 метри длабодина. Се верува дека е покренато свлечиште кое ја нанело таа земја поради што спасителите не можат да дојдат до детето.

 

Меѓу остатоците кои спасителите ги извлекоа од бунарот пронајдена е коса, а со ДНК анализа потврдено е дека му припаѓа на детето.

 

Шпанската полиција соопшти дека вработени во една шведска компанија, која пред повеќе од седум години помогна да се лоцираат и спасат 33-цата чилеански рудари откако 69 дена поминаа под земја, стигнаа во вторникот за да помогнат во операцијата за спасување на детето.

 

Се разгледува можноста за копање на алтернативни канали до дното на бунарот, а официјалните лица соопшти дека работат на прекопување на тунели во блзиина на бунарот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien