По апелите на неговото семејство, претепаниот напаѓач на Села ќе биде преместен во соодветна установа

Стојан Павлески, осудениот за нападот на Зијадин Села кој беше претепан и со крвави рани речиси 4 месеци лежеше на Клиниката за трауматологија, ќе биде сместен во соодветна здравствена установа каде ќе може да ја прима соодветната терапија и да му биде овозможена потребната нега.

 

Неговата сестра, Вера Митевска, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче, предизвикувајќи го да го посети пациентот затоа што, како што вели, секојдневно дел по дел го убиваат.

 

Од кабинетот на министерот, Венко Филипче, велат дека го посетиле Павлески и дека се увериле за тешката состојба во која се наоѓа.

 

„Констатиравме дека е навистина во тешка здравствена состојба. По консултација со вработените лица, како и со семејството договорено е пациентот да се префрли во Геронтолошкиот завод каде би добивал нега и третман што се соодветни за состојба во која се наоѓа“, велат од Министерството за здравство.

 

Оттаму ги отфрлаат обвинувањата дека не е водено грижа за пациентот.

 

„Утврдено е дека додека се наоѓа на овој оддел, лекарите соодветно го третирале и дека никогаш не била одбиена работна задача од страна на персоналот“, додаваат од министерството.

 

Павлески беше осуден на условна казна затвор за учество во нападот врз пратеникот, Зијадин Села, на 27 април. На крајот на октомври тој бил брурално претепан од страна на три лица кои се уште не се идентификувани.

 

Деновиве семејството реагираше на социјалните мрежи, со апел до министерот за здравство, да се заинтересира за случајот, бидејќи тврдеа дека Павлески полека умира на Трауматологија затоа што не ја добива потребната нега. Тие тврдат дека дури месеци откако беше претепан, на Павлески му се констатирани скршеници и излив на мозок, дека неподвижен лежи на Клиниката, како и дека има загноени рани кои ретко се преврзуваат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien