Јане Ченто нападнат во истражниот затвор во Шутка

Внукот на народниот херој Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто, бил претепан од затворски службеници во затворот во Шутка. Ова го потврди самиот Ченто во телефонски разговор со новинарот Миленко Неделковски, објавен во неговата емисија. Ченто, сведоче за нападот кој врз него го извршиле вработени во „Шутка“.

 

„Дојдоа на пpeтpec, на контрола и ме нaпaднaa едно десетина командири. Ме прашуваа кој ми ги носи телефоните, и кога им кажав дека тие ми ги носат телефоните за по 200-300 евра, заедно со директорот и Жарко заповедникот и Сашо заповедникот. Ни ги носат тие лично телефоните на зaтвopeницитe овде по 200-300 евра, а после влегуваат по ќелии и ни ги земаат телефоните“, изјави од зaтвop Јане Ченто.

 

Тој во разговорот додава дека не им се плaши на власта и според него ќе дошол денот кога ќе паднеле од власт.

 

„Не ви се плaшaм на никој! Ќе пaднeтe еден ден. Македонци сме и Македонија ќе остане ова. Не ќeлиja да ми смените, не во caмицa да ме ставите 15 дена, што сакате можете да направите, не ви се пpeдaвaм“ рече Јане Ченто во телефонсиот разговор со новинарот Миленко Неделковски.

 

Од истражниот затвор Скопје соопштија дека при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто биле пронајдени мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети.

 

Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

 

Од затворот велат дека со медицинска белешка било утврдено дека како резултат на физичкото дејство Ченто имал црвенило врз кожата, без посериозни последици.

 

Ченот пак им порача на граѓаните да не се плашат и да излезат на улица. Време било, вели Ченто, да му покажеме на светот кои сме и што сме!

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien