Доделени наградите за најдобрите пионерски екипи од хуманитарниот светиниколски турнир

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во големата сала на Општина Прилеп им ги додели наградите на пионерските екипи, коишто освоија прво и второ место на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“. Градоначалникот Јованоски ги поздрави младите спортисти посакувајќи им многу успеси.

 

„Сакам на сите вас, наши идни млади генерации да ви честитам за постигнатиот успех, да ви посакам многу здравје и среќа за понатаму. На организаторите кои го организираа годинешниот  светиниколски турнир во мал фудбал, на локалниот спортски сојуз уште еднаш да им се заблагодарувам за добрата организација. На хуманитарниот турнир се собрани 181.000 денари, коишто ќе бидат наменети за лицата со ретки болести, поточно парите ќе бидат наменети за децата со цистична фиброза и тоа на 28 февруари, на денот на лицата заболени од ретки болести“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Прво  место од „Генерација 2005/2006“ е екипата од „Конфекција Кули“. Од „Генерација 2007/2008“,   прво место го освои екипата на„Хримакс“, а второто место на„Кабелнет“.  Од „Генерација 2009“,прво место го освои „Теко Солар“,а второ место екипата „Ламасиа“ од Охрид.

 

На светиниколскиот турнир, беа доделени медали на пионерите за прво, второ и трето место. А третонаградените добија и фудбалска топка како награда.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи