Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставен

Facebook
Twitter
Email
Print

Професорот Јове Кекеновски денеска поднесе иницијатива пред Уставниот суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за употреба на јазиците. За Кекеновски, од уставен и од законски аспект, се спорни постапката и начинот на кој е изгласан Законот, во кој има и спорни законски одредби.

 

Донесувањето на Законот без двотретинско мнозинство, немањето потпис од претседателот на државата и спротивноста на Законот со принципите на владеењето на правото се дел од аргументите кои ги посочува професорот во иницијативата со која бара запирање на извршувањето на поединечните акти или на дејствијата што се преземаат во моментов врз основа на Законот.

 

Според него, мора да се има во предвид и фактот дека Собранието на Република Македонја при третото читање на Закон воопшто не ги земало во предвид доставените забелешки од страна на претседателот на Република Македонија, како и поднесените амандмани од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија.

 

Слична иницијатива до Уставен најавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи