ВИДЕО – 22 годишниот Бобан Јосифоски го фати Светиот крст во Прилеп

Дваесет и две годишниот Бобан Јосифоски го фати Светиот крст кој денеска по повод празниокот Богојавление-Водици беше фрлен во Аква паркот во Прилеп. Јосифоски рече дека иако 10 години по ред се фрлал по крстот, годинава го фатил за прв пат.

 

 

„Оваа година било моја среќа да го фатам Светиот крст. Очекувам здравје, среќа и бериќет. Не сум вработен, студирам на факултетот за безбедност“, истакна Јосифоски.

 

Оваа година за да се фрлаат по Светиот крст во градот под Марковите кули се пријавија прво 98 кандидати, но крајот бројката се искачи на 105. Интересно е да се каже дека годинава рекорден беше бројот на пријавени учеснички од понежниот пол кои скокаа во водите на базенот. Нивниот број на почетокот беше 10 пријавени девојки, а потоа се приклучија упте 4. Најмалата девојка е родена 2005 година, а најмалиот пак учесник воопшто на настанот беше момче, родено 2007 година.

 

„Јас и претходно кажав поклоните се споредна работа кога станува збор за еден ваков настан. Присуството на овие над 100 млади луѓе тука и нивната желба и мотив да го фатат крстот се многу поголеми од поклоните. За информација на јавноста ние како црква на тој што го фатии крстот ќе му поклониме икона со крштевањето на Исус Христос, а спонзорот на манифестацијата телевизор“, изјави протоереј-ставрофор Блаже Станкоски, архиерејскии намесник.

 

Општина Прилеп како поддршка на настанот на Архиерејското Намесништво во Прилеп му доделила 100.000 денари.

 

„Сакам во името на локалната самоуправа на сите граѓани да им го честитам овој голем христијански празник, да им посакам, здравје, љубов, среќа, благосостојба, меѓусебно почитување и хармонија кој му е потребна на нашииот народ. Локалната самоуправа оваа година е само гостин, организатор е Епархијата, ние сме дојдени како гости и јас како граѓанин на Општина Прилеп“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien