ВИДЕО – ОО СДСМ Прилеп : Конечно по 12 години целосно игнорирање се отвора прашањето каков воздух дишеме

После 12 години целосно игнорирање на состојбата со загадувањето на воздухот во Прилеп, новата општинска администрација предводена од градоначалникот Илија Јованоски, реално и објективно го отвораат прашањето каков воздух дишеме и мерки кои треба да се превземат. Истакнаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во  целост.

 

„ОО СДСМ Прилеп го поздравува првиот чекор во справувањето со аеро загадувањето, а тоа е поставувањето на мерен инструмент за присуство на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Уште повеќе што во наредниот период и како што најави градоначалникот Јованоски ќе бидат поставени дополнителнии 20 до 30 мерни инструменти на повеќе локации во градот, со што ќе се добие прецизна слика за загаденоста на воздухот на целата територија на Општина Прилеп и пред се кои се причинителите за загадувањето.

 

Со точни податоци за загаденоста и изворите на загадувањето на воздухот во нашата општина конечно ќе може да се превземат и конкртени мерки за долгорочно подобрување на состојбата со воздухот што сите ние го дишеме денес.

 

Во тој контекст со фасификацијата на градот и набавката на нови автобуси на метан, ќе се намали употребата на огревно дрво, јаглен и нафта за греење во институциите и домаќинствата, а граѓаните ќе имаат можност за поголема употреба на јавниот превоз наспроти приватните возила коии исто така загадуваат.

 

ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот Марјан Ристески 12 години свесно го игнорираа проблемот со загадувањето на воздухот во Прилеп со што го доведоа до прашање и здравјето на сите граѓани.

 

За трагедијата да биде уште поголема ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека воздухот во Прилеп не е загаден. Парите на граѓаните наместо на мерки за намалување на загаденоста се трошеа на сомнителни тендери за кои сега се покренуваат и кривични пријави“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien