ВИДЕО – Аконкагва доаѓаме ! Прилепчаните Маријана и Владимир во нов поход за искачување на уште еден сумит

Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски во сабота летаат за Аргентина во обид да го остварат нивниот сон, искачување на највисокиот врв во Јужна Америка и еден од 7-те сумити во светот – Аконкагва. Иако нивното одење за Аконгава до последно беше ставено под знак прашалник поради високите финансиски средства за плаќање на експедицијата, сепак на крај нивната огромна желба и упорност се остварија. Дел од средствата собрале преку донации, а дел ќе си платат сами.  Колку за потсетување стануваше збор за сума од околу 8.000 евра.

 

 

Нашата желба за да одиме никогаш не беше ставена под ззнак прашалниик, единствено финансиите беше она што нас не загрижуваше. Но успеавме благодарение на дел од фирмите кои се општествено одговорни и кои што го видоа нашиот ентузијазам и желба за да ја реализираме оваа експедиција. Успеавме да обезбедиме средства и да ја оствариме нашата замисла. Би сакала да изразам голема благодарност до Витаминка и Мермерниот комбинат кои се наши главни спонзори, исто така сакам да ја споменам локалната самоуправа Прилеп, ресторанот Кермес, Жалфија, Мики, Тритекс и многу други поединци и лица кои што не само на финансиски туку и на морален начин не поддржуваа и се едни од причините за реализација на оваа експедиција која што се надевам дека ќе биде со успешен крај“, рече Маријана Ѓорѓиевска.

 

Доколку се искачат на Аконкагва Маријана и Владимир ќе бидат првите прилепчани кои го направиле тоа и едни од 15 мината Македонци, Маријана би била 4-тата припадничка од понежниот пол од нашата држава која би го освоила овој врв. Инаку овие двајца прилепчани за краток период од само околу 2 години ги поставија темелите на високогорското планинарење во Прилеп искачувајќи ги врвовите Монт Блан, Полукс, највисокиот врв во Европа Елбрус, највисокиот врв во Австрија – Гросглокнер, највисокиот врв во Германија – Жугшпице и други. Тие се вистински амбасадори не само на Прилеп туку и на Македонија.

 

Лично за мене ова претставува едне од најголемите животни предизвици бидејќи се соочуваме со нешто сосема поразлично од она што досега сме биле. Бидејќи Андите претставуваат втора по височина планина во светот и нејзиините ското 7.000 метри надморска височина и условите кои се на таа планина се нешто ново за мене за кое незнам дали моето тело и организам ќе го поднесат доволно добро. За среќа досега сите предизвици и потфати ни беа успешни и тоа ни дава мала сигурност да веруваме во себе дека добро  ќе ги поднесеме и предизвиците кои што самиот врв Аконкагва, односно Андите ќе ни ги предизвикаат“, додаде Ѓорѓиевска.

 

Владимир вели дека за искачувањето на Аконкагва практично се подготвувале уште од лани кога се вратија во Македонија, после искачувањето на највисокиот врв во Европа, Елбрус. Биле активни преку целото лето, а се искачувале и во текот на зимава тренирајќи на околните врвови во Македонија.

 

Според агендата од 15 до 18 дена се наоѓаме на планина. Се подготвуваме на 4 базни кампови. Главниот базен камп е на 4.300 мнв, со аклиматизација на уште 3 висински кампови, еден на 5.050, друг на 5.500 и последниот е на 6.000 мнв“, изјави Владимир Јованоски.

 

Освен физичката била потребна и голема психичка подготовка. Аконкагва била доста сурова планина, со крајно екстремни услови со кои Маријана и Владимир за прв пат ќе се соочат.

 

На Аконкагва условите се екстремни со температури од -20 до -30 целзиусови степени. За прв пат ќе ни биде што во тие 15 до 18 ќе спиеме во шатори, на отворено на тие температури. Тоа за нас е прв пат да се соочиме со такви услови. Се надеваме дека нашето тело ќе го дозволи тоа и дека ќе бидеме спремни да ги поднесеме тие услови. Се носи специјална опрема, исклучиво опрема од пердуви, експедициски чизми, посебни шатори, доста скапа и квалитетна опрема. Не може со обична опрема да се стигне до таму. Со обична опрема може да се стигне до 4.300 мнв, но потоа не“, додава Јованоски.

 

Во зависност од временските услови Ѓорѓиевска и Јованоски на Аконкагва треба да бидат околу 13 или 14 февруари, а имаат и плус уште неколку резервни делови. На 23 февруари треба веќе да се вратени во Македонија. Редакцијата на Инфо Компас им посакува успешно искачување на овој светски сумит.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien