ВИДЕО – Наместо конкретни мерки за загадувањето на воздухот во Прилеп, граѓаните се само сведоци на партиски препукувања

Наместо превземање итни и конкретни мерки за огромното загадување на воздухот во Прилеп, граѓаните и овој пат се само сведоци на партиски препукувања и докажувања во чие време воздухот бил позагаден. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека чистиот воздух кој градоначалникот Јованоски го ветувал пред изборите бил само лага. Предлагаат да се набават прочистувачи на воздух кои ќе се поставеле во училиштата и градинките.

 

 

„СДС ги излажа граѓаните на општина Прилеп дека нема план за чист воздух во нашиот град. Затоа што доколку имаа план, досега ќе почнеа да преземаат мерки, а не набавката на една мерна станица да го претставуваат како огромен успех. Реториката во некое идно неопределено време со ЌЕ, дека ќе го гасифицирате Прилеп, ќе набавите нови автобуси, е само празна реторика“, истакна Виктор Здравески, ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Од СДСМ пак го поздравија поставувањето на првата мерна станица во Прилеп како и најавата дека наскоро како пилот проект ќе се постават уште 20 до 30 мерни станици за да се открие кои се најголемите загадувачи во градот и кои мерки да се превземат.

 

„ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот Марјан Ристески 12 години свесно го игнорираа проблемот со загадувањето на воздухот во Прилеп со што го доведоа до прашање и здравјето на сите граѓани. Парите на граѓаните наместо на мерки за намалување на загаденоста се трошеа на сомнителни тендери“, кажа Кире Тинтоски, ОО СДСМ Прилеп.

 

Градоначалникот Јованоски изјави дека мерната станица била во 3 месечен тест период и не можело да се превземаат никакви мерки додека не завршело нејзиното калибрирање. Граѓаните пак наместо препукувања од политичките партиии очекуваат сериозност по ова прашање и исполнувања на она што се ветува на секои избори.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien