Заев: Мијалков ги охрабруваше пратениците да гласаат за уставните измени

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и им вршел притисок да гласаат за промена на уставното име.

 

„Сашо Мијалков зборуваше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал“, рече Заев.

 

Пратеничката Елизабета Канческа-Милескана на нејзиното последно судење ја убедуваше јавноста дека таа гласала за Северна Македонија по сопствено убедување и дека никој не ѝ извршил притисок. И на денот на гласањето Канческа-Милеска се правдаше дека гласот го дава за европската иднина на државата и ги прозва пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ги запирале процесите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien