ОО СДСМ Прилеп : Лажна загриженост за состојбите со аерозагадувањето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Лажна загриженост за состојбите со аерозагадувањето во општина Прилеп на криминалната, антизападна и однародена ВМРО-ДПМНЕ, претставува невидено лицемерие и безобразно потценување на меморијата на прилепчани. Истакнаа во реакцијата од ОО СДСМ Прилеп на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Додека 12 години граѓаните бараа активна борба со загадувањето и почиста животна средина, за ВМРО-ДПМНЕ и побегнатиот криминалец Никола Груевски во фокус беа коруптивните зделки и криминалните договори со кои ја опустошија државата.

 

Наспроти таквите лукративни и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, новата локална администрација во општина Прилеп во прв план ги поставува интересите на граѓаните и општото добро на сите, преку конкретни чекори и мерки.

 

Поставувањето на мерната станица за следење на присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот, беше предизборно ветување на градоначалникот Јованоски кое што го исполни. Дотраените и стари автобуси за јавниот превоз кои ги набави претходната власт, беа само нечиј бизнис интерес, без да се води грижа за животната средина.

 

Затоа новата локална администрација започна процес на набавка на нови автобуси на метан кои ќе го подобрат превозот и ќе придонесат за помало загадување на воздухот. Подготовката на документацијата за гасификација на Прилеп е во полн ек и е долгорочно решение за намалување на огревните материјали како дрвото, мазутот, нафтата.

 

Општината и централната власт предводена од СДСМ, ќе продолжат со силната посветеност во процесот на намалување на загаденоста на воздухот“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien