ВИДЕО-ВМРО-ДПМНЕ : СДС ги излажа граѓаните на Прилеп, воопшто немаат план за чист воздух

Наместо СДС да го замајува народот со веќе видена реторика, треба конечно да почни нешто да реализира од изборната програма. Иако ветуваа чист воздух, нешто кое градоначалникот Јованоски го ветуваше пред прилепчани во предизборната кампања, на прес конференцијата од СДС истакнаа, дека го поздравуваат чекорот со поставување на мерна станица и дека допрва ќе преземеле конкретни мерки за подобрување на состојбата со енормно загадениот воздух. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ова говори само едно, дека СДС ги излажа граѓаните на општина Прилеп дека нема план за чист воздух во нашиот град. Затоа што доколку имаа план, досега ќе почнеа да преземаат мерки, а не набавката на една мерна станица да го претставуваат како огромен успех.

 

Господа од СДС, да ве потсетиме дека токму вие сте сега на власт, и неуспехот на сите полиња се должи на вас и вашата неспособност. Реториката во некое идно неопределено време со ЌЕ, дека ќе го гасифицирате Прилеп, ќе набавите нови автобуси, е само празна реторика која е препознаена од народот.

 

Граѓаните повеќе не ви веруваат! Велите граѓаните ќе имале можност за поголема употреба на јавниот превоз, а да ве потсетиме дека токму во ваше време се доведе во прашање успешното функционирање на истиот. Луѓе залудно чекаа градски превоз на одредени постојки.

 

И наместо да зборувате за матни тендери и кривични пријави и да го црните Марјан Ристески кој го препороди градот, човекот поради кој имате комплекс на пониска вредност, сетете се дека токму по вашето доаѓање на власт беа укинати регулаторните тела, со цел лесно да се договараат тендери во четири очи, и полесно да се развиваат бизнисите на лица блиски до вашата партија.

 

Но одговорноста за ваквото недомаќинско работење ќе дојди после падот на одродената власт која освен црнила не донесе ништо друго во Македонија.

 

Кaко за почеток, ви предлагаме да набавите прочистувачи на воздух кои ќе ги поставите во училиштата и градинките. Да го заштитиме барем здравјето на најмладите, бидејќи Прилеп руши рекорди на светско ниво.

 

Во Прилеп не се памети загадување од вакви големи размери кое со секој изминат ден остава последици по здравјето на прилепчани. Ваквото незаинтересирано владеење со кое Прилеп се врати 30 години наназад, ќе биде казнето на следните избори. Бидете сигурни во тоа. А вашето владеење ќе остане забележано како залудно потрошено време, кое освен негативни резултати и погубни политики, не донесе ништо добро“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи