Научниците со сериозно предупредување – мразот на Гренланд се топи 4 пати побрзо од претходно

Мразот на Гренланд се топи многу побрзо отколку што се мислеше претходно, а можно е и веќе да дошол до точка од која нема враќање, сугерира ново научно истражување. Од 2003 наваму загубата на мраз се зголемила за четири пати , предупредуваат научниците.

 

Научниците кои го истражуваат глобалниот раст на нивото на морето ги проучиле југозападноот и севернозападниот регион на Гренланд и утврдиле дека најголемиот дел од изгубениот лед не е од сантите (во морето), туку од мразот на гренландското копно. При мерењето на промената на ледената маса се користеле податоци на НАСА и германскиот Климатски и гравитациски експеримент (Граце), како и ГПС станици на гренландскиот брег.

 

„Што и да е ова што се случува, не може да се објасни со ледените санти, бидејќи таму ги нема многу. Тоа би морала да биде површинската маса – мразот се топел од внатрешноста кон брегот. Тоа е затоа што атмосферата е во просек потопла. Се случува тоа што површинската температура расте, плитката вода е потопла и воздухот станува потопол“, објасни професорот по геодинамика на Универзитетот во Охајо , Мајкл Бевис.

 

Се очекува наглото топење на мразот , предизвикано од глобалното затоплување драстично да го зголеми нивото на морињата.

 

,,Единствено што можеме да направиме е да се приспособиме и во иднина да го ублажиме глобалното затоплување – премногу е доцна за да нема последици” , рече професорот Бевис.

 

Според заклучоците на оваа научна студија, сѐ поголемо количество вода ќе истекува од Гренланд во океанот за време на летните месеци, што само ќе придонесе на растот на нивото на морето.

 

„Знаевме дека имаме еден голем проблем со сѐ поголемата стапка на топење на мразот од неколку големи санти. Но сега препознаваме друг сериозен проблем: сѐ повеќе, значителни количества ледена маса заминуваат како стопена вода, како реки кои истекуваат во морето“, вели бевис и додава дека истражувањето има „сериозни импликации“ за крајбрежните американски градови како Њујорк и Мајами.

 

Особено аларамантен е заклучокот на Бевис за тоа што треба да се прави:

 

„Единственото нешто што можеме да го направиме е да се прилагодиме и да го ублажиме понатамошното глобално загревање – предоцна е да нема последици. Ова ќе предизвика и дополнителен пораст на морето. Гледаме како ледената покривка доаѓа до точка од која нема враќање назад“.

 

Истражувањето на Бевис покажува дека ледените брегови на Гренланд се топат 50 пати побрзо отколку пред Индустриската револуција и 33 отсто побрзо отколку во 20 век, што ќе доведе до зголемување на нивото на морето во светот за околу 7 метри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи