Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден воздржан грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се ставa крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија. Со ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент се отвора вратата за наше членство во НАТО.

 

По речиси 40 часа дебата и говори на 200 пратеници, политички лидери, известувачи и специјални говорници во грчкиот парламент, спикерот Никос Вуцис околу 14 часот премина на поединечно гласање за ратификација на Договорот од Преспа, при што пратениците се изјаснуваа на прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржани“ за ратификација на Договорот од Преспа.

 

Од 300 пратеници, „за“ гласаа 145 пратеници од Сириза и уште 8-мина пратеници од пет други партии. „Против“ беа пратениците од Нова Демократија, Златна Зора, Комунистичката партија, АНЕЛ, КИНАЛ и неколку независни пратеници.

 

Претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, го поздрави гласањето како „историско“, а дебатата беше најдолгата дебата во последните години, подолга дури и од жестоките расправи во Парламентот за кризата и мерките од меѓународната заедница.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи