Заев: Нека бидат горди сите Грци и сите Македонци

Facebook
Twitter
Email
Print

Договорот од Преспа е нашиот заеднички пат кој е поплочен со најпријателски намери и со вредности кои произлегуваат од заедничкото европско семејство, изјави Заев.

 

Ова е ден за честитање, ден на пријателствата, изјави за Дојче веле македонскиот премиер Зоран Заев, кој веста за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент ја дочека на заминување од Давос.

 

„Нашите народи и држави стигнаа до заедничка победа со која на Балканот и на Европа им дадовме мир и прогрес. Нека бидат горди сите Грци, сите Македонци и сите граѓани кои живеат на овие простори, бидејќи иднината нема веќе да ја гледаме како фатална судбина. Договорот од Преспа е нашиот заеднички пат кој е поплочен со најпријателски намери и со вредности кои произлегуваат од заедничкото европско семејство“, изјави премиерот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи